Кои сме ние

Посветени на префинетоста на занаетот, се стремиме да создадеме повеќе од само врати. Создаваме искуства.

Ние сме тим посветен на создавање висококвалитетни и современи внатрешни врати, изработени со прецизност, иновација и чувство за дизајн.

Со долгогодишно искуство и внимание на секој детал, нашата мисија е да создадеме врати кои ќе внесат топлина, стил и елеганција во секој дом и ќе го збогатат просторот со хармонија и функционалност.

Во производството ги следиме најдобрите светски практики и индустриски стандарди, комбинирајќи италијански дизајн со прецизна изработка користејќи современа технологија.

Нашата производствен погон е опремен со врвни CNC машини и современи алати, што овозможува висока точност, беспрекорна завршна обработка и конзистентен квалитет на секој производ.

Користиме иновативни материјали и внимателно ги следиме глобалните трендови во дизајнот на врати, создавајќи решенија кои го спојуваат модерниот изглед, функционалноста и долготрајноста.

Нашата компанија е основана во 2016 година, со јасна визија – да создаде висококвалитетни производи според современите стандарди и европските трендови.

Oд самиот почеток, нашиот фокус е насочен кон континуирана надградба на капацитетите, унапредување на производствените процеси и воведување на нови технолошки решенија.

Со постојано воведување стандарди за квалитет и проширување на асортиманот, DitoDoro се позиционира како синоним за иновативност, сигурност и модерен дизајн.

Преку нашите партнери и дистрибутери, изградивме дистрибутивна мрежа низ повеќе градови во Македонија, а нашите производи можете да ги видите во изложбениот салон во Струмица и партнерски салон во Скопје.

DitoDoro редовно учествува на водечките регионални и европски саеми за врати, мебел и ентериерни решенија.

Нашиот стручен тим редовно ги следи и применува најновите трендови и технологии во индустријата за производството внатрешни собни врати.

Со последните инвестиции во современи технологии за модерна производствена линија, се позиционираме како препознатлив и доверлив партнер за опремување на станбени и деловни објекти.

Следен чекор е дигитализацијата. Нова и современа веб страница со модернизиран изглед и зголемена функционалност со додаден онлајн конфигуратор, алатка за конструирање и дизајнирање на врати за појасен визуелен приказ на нашите производи и олеснат процес за пресметка и нарачка.

Производствен процес на собни врати во DitoDoro

Производството на нашите внатрешни (собни) врати е резултат на стручност, иновација и прецизност, со цел да обезбедиме производи со висок квалитет, естетска завршница и долготрајност. Секој чекор од процесот е внимателно планиран и изведен со користење на современи машини, технологии и материјали од страна на нашиот стручен и професионален тим.

Достава и магацинско складирање на материјалот

Производството започнува со исправна и навремена достава на висококвалитетни дрвени и композитни материјали. Материјалите се складираат во контролирани услови, обезбедувајќи стабилност на влажност и спречување на деформации, со што се зачувува нивниот квалитет.

Кроење на материјалот

По подготовката, материјалот се крои со висока прецизност според техничките спецификации од нарачката на купувачот и моделите од нашиот каталог, со цел да се обезбеди совршена основа за понатамошната обработка.

Резбање на панели за крило

Панелите за крилото се обработуваат со современа ЦНЦ машина за резбање, која овозможува детални мотиви и прецизни форми. Ова го гарантира уникатниот дизајн и квалитетн изглед на секое крило.

Ковање на панел со исполна за крило

Панелите се комбинираат со исполната за крило, создавајќи стабилна и издржлива структура. Овој процес обезбедува оптимална цврстина и функционалност на вратното крило.

Нанесување на лепак за ПВЦ лепење

Специјален индустриски лепак се нанесува за обезбедување трајно и сигурно прилепување на декоративните ПВЦ фолии, гарантирајќи долг век на трајност и совршен визуелен ефект.

Лепење на фолија на Вакум Преса

Декоративната фолија се лепи на крилото со Вакум Преса, што овозможува рамномерно и цврсто прилепување без воздушни меури и несовршености. Резултатот е глатка, естетска и отпорна површина.

Лепење на крило на Етажна Преса

Крилото се лепи на етажна преса, која обезбедува совршено соединување на слоевите и максимална стабилност на структурата. Овој процес е критичен за долговечноста и квалитетот на готовиот производ.

Обработка на крило на CNC машина

Со CNC технологија, се изведува прецизна обработка на рабовите, отвори за брави и декоративни детали. Ова овозможува савршено прилагодување и висок естетски стандард на секое крило.

Лепење на кант на крило на Кант машина

Рабовите на крилото се обработуваат со Кант машина, која овозможува рамномерно и трајно прилепување на кантот, додавајќи дополнителна заштита и естетска завршница.

Обработка на каса на CNC машина

Касата на вратата се обработува со CNC машина за максимална прецизност, обезбедувајќи идеално вклопување со крилото и точност при монтажа.

Пакување на производот

Готовите врати внимателно се проверуваат, се пакуваат на автоматска машина за пакување заштитувајќи ги со специјални материјали за транспорт, со што се гарантира дека секој производ пристигнува кај клиентот целосно заштитен и со совршена завршница.