Погледнете ги најчесто поставуваните прашања од нашите клиенти за да добиете појасна слика за процесот на изработка или нарачка, условите или други дополнителни информации. Доколку сеуште имате нејаснотии и други прашања, слободно контактирајте нè.
1. Од што се изработени вашите собни врати?
›
Нашите врати се изработени од висококвалитетен медијапан (MDF) и се обложени со ПВЦ фолија, што обезбедува долг век на трајност и лесно одржување.
2. Колку бои можам да изберам?
›
Нудиме избор од 30 различни бои, со светли, темни и природни нијанси на дрво.
3. Дали можам да изберам резба на вратата?
›
Да, имаме повеќе од 70 различни резби, со кои може да се прилагоди дизајнот на вашата врата според вашиот вкус и стил на ентериерот.
4. Дали вашите врати можат да имаат отвори за стакла?
›
Да, сите модели се достапни со отвори за стакла, а самите стакла се исто така прилагодливи по тип и дизајн.
5. Какви видови стакла може да се постават?
›
Можеме да поставиме различни видови стакла: мат, проѕирни, декорирани или стакла со пескарење, во зависност од моделот на вратата.
6. Дали нудите изработка на лизгачки врати?
›
Да, изработуваме лизгачки врати, со висококвалитетна шина и механизам за тивко и лесно отворање. Лизгачките врати се идеални за простории каде нема доволно простор за класично отворање. Можат да бидат со стандард шина со капак и лофт украсна шина. Рачките можат да бидат стандард и укопна.
7. Дали можете да изработите врати со двојни крила?
›
Да, изработуваме двојни крила за простори со поголеми отвори, со можност за различни комбинации на фолија, резби и стакла.
8. Дали изработувате врати со надсветла?
›
Да, можеме да изработиме врати со надсветла, кои овозможуваат дополнително светло во просторијата и елегантен изглед на вашиот ентериер.
9. Дали ПВЦ фолијата е отпорна на влажност?
›
Да, ПВЦ фолијата е отпорна на влага, лесна за чистење и не го губи сјајот на боја со текот на времето.
10. Како се поставуваат вашите врати?
›
Нашите врати се дизајнирани за лесна инсталација, но нудиме и услуга за професионална монтажа.
11. Дали може да нарачам врата со посебни димензии?
›
Да, можеме да изработиме врати по мерка, согласно вашите потреби за ширина, висина и дебелина, вклучително и лизгачки и двојни крила.
12. Колку време трае испораката?
›
Вообичаено, испораката трае околу 15 работни дена, во зависност од моделот, резбата и стаклата што сте ги избрале.
13. Како да го одржувам изгледот на вратата?
›
Се препорачува чистење со мека влажна крпа, избегнувајте абразивни средства кои можат да ја оштетат ПВЦ фолијата.